Dimitris Perrotis College
- Scholarship

ВАШИОТ ПРВ ЧЕКОР
КОН ДИНАМИЧНА И ПРОФЕСИОНАЛНА КАРИЕРА СО
ГЛОБАЛНИ ХОРИЗОНТИ
Димитрис Перотис Колеџот за
земјоделски науки од Солун, Грција објавува
конкурс за запишување на нови студенти за
учебната 2007/2008 година.
Димитрис Перотис Колеџот за
Земјоделски Науки е акредитирана американска
институција со седиште во Солун, Грција која
од оваа година започна да нуди тригодишни
додипломски студии од следите области:
-
Маркетинг менаџмент за
прехрамбена индустрија
-
Агротуризам
-
Меѓународен менаџмент за
замјоделие
-
Технологии за урбано
хортикултурно уредување и системи за
наводнување
-
Прецизно земјоделие-
примена на модерни технологии (ГИС, ГПС) и
автоматски процеси во земјоделието
-
Менаџмент со сточни ресурси
Оваа програма се нуди во
соработка и академска поддршка на
Универзитетот од Велс, Кардиф, Велика
Британија.
Уписот на
студентите е до 30 јуни 2007 година. Можат
да се пријават сите ученици со добар успех и
добро познавање на англискиот јазик. При
уписот се полага приемен испит составен од
четири дела: математика, информатика,
билогија и англиски јазик и секој кандидат
поминува на интервју.
Колеџот
нуди 15 стипендии за македонски граѓани во
висина од 50% до 100 % од годишните трошоци.
Стипендиите се доделуваат според ранг
листстата на пријавените кандидати според
успехот од предходното образование,
положениот приемен испит и интервјуто.
Дополнителни информации за конкурсот како и
за начинот на пријавување сите
заинтересирани можат да се обратат директно
во нашата канцеларија секој работен ден од
09- 15 часот или на телефон 02/ 32 46 304.
|