ОИЦ
За нас
ДИЕ
Галерија
ОИЦ УСЛУГИ
Советување
Библиотека
Курсеви
Прирачник
СТИПЕНДИИ
Schiller University
AUBG
Dimitris Perrotis
CEU
ФИОО Македонија
Други финансиски извори
ТЕСТОВИ
Листа на тестови
Пријавување
ВИСОКО ОБРАЗОВАНИЕ
САД
Европа
Р. Македонија
Австралија
Канада
В. Британија




 

Schiller International University


Универзитетот Шилер е независна американска институција кој има кампуси во САД, Велика Британија, Франција, Шпанија, Германија и Швајцарија основан во 1964 година. Главниот кампус се наоѓа во Флорида, САД. На овој универзитет се нудат двогодишни и четиригодишни додипломски и постдипломскли студии од повеќе области. Наставата се одвива на англиски јазик.

Области кои се нудат:

студии по меѓународен бизнис со повеќе подобласти
менаџмент за меѓународен туризам и хотелиерство со повеќе подобласти
стопанска / бизнис администрација
психологија
меѓународна економија
меѓународни односи и дипломатија

Универзитетот нуди бројни летни школи, специјални курсеви од одредени области како и можност за далечинско студирање по стопанска администрација - МБА студии.

SIU има 8 кампуси и тоа во Флорида, Лондон, Париз, Стразбург, Мадрид, Хаилделберг, Енгелберг и Лејсин.

Услови:
- завршено средно образование и;ли завршени додипломски студии
- одлично познавање на англискиот јазик

Потребни документи:
- пополнета пријава за упис
- свидетелства или уверение за положени испити
- TOEFL тест
- SAT - за додипломски студии (стандарден тест/ приемен испит кој се полага за упис на сите американски универзитети. Во зависност од поените се зголемуваат и можностите за финансиска помош)
- GMAT - за постдипломски студии ( стандардент тест/ приемен испит кој се полага за упис на постдипломски студии од областа на бизнис администрација на американските универзитети. Во зависност од поените се зголемуваат и можностите за финансиска помош)
- 1 фотографија
- кратка биографија
- 55 EUR уписна такса

За упис на SIU нема краен рок. Кандидатите се запишуваат на rolling base.

ФИНАНСИСКА ПОМОШ / СТИПЕНДИИ
SIU нуди бројни можности за финансиска помош во зависност од успешноста на пријавата на кандидатот. Првенствено се разгледува пријавата за упис на универзитетот, а потоа барањето за стипендија или финансиска помош.

Крајниот рок за пријавување на кандидатите за финансиска помош е 1 април доколку студентот сака да почне со студии во септември или 1 октомври доколку студентот сака да почне со студии во јануари.

Пријавите за финансиска помош се испраќаат до канцеларијата за Финансиска помош во Германија.

Финансиската помош може да се додели за еден семестар или една година со можност за продолжување.