ОИЦ
За нас
ДИЕ
Галерија
ОИЦ УСЛУГИ
Советување
Библиотека
Курсеви
Прирачник
СТИПЕНДИИ
Schiller University
AUBG
Dimitris Perrotis
CEU
ФИОО Македонија
Други финансиски извори
ТЕСТОВИ
Листа на тестови
Пријавување
ВИСОКО ОБРАЗОВАНИЕ
САД
Европа
Р. Македонија
Австралија
Канада
В. Британија




 

 

 

 

AUBG-Scholarships

ОБРАЗОВЕН ИНФОРМАТИВЕН ЦЕНТАР, СКОПЈЕ во соработка со Американскиот универзитет во Благоевград секоја година распишува конкурс за доделување на СТИПЕНДИИ за државјани на Република Македонија за додипломски студии на Американскиот универзитет од Бугарија кампус Благоевград и Софија

Американскиот универзитет во Бугарија е независна, меѓународна, приватна институција за додипломски студии која ги поддржува демократските вредности, академската независност и слободата на мислењето и изразувањето.

Стипендијаta се доделува за четиригодишни студии на Универзитетот AUBG (American University in Bulgaria), Благоевград, Бугарија.

Универзитетот нуди можност за четиригодишни додипломски студии во следниве области:

Кампус во Благоевград:
американски студии,
бизнис администрација,
компјутерски науки,
економија,
европски студии,
историја,
новинарство - масовни комуникации,
математика,
политички науки / меѓународни односи и
студии за југоисточна европа.
Кампус во Софија:
финансии
сметководство
менаџмент за туризам и хотелиерство
маркетинг
менаџмент на мали и средни претпријатија
менаџмент на човекови ресурси
оперативни и информативни системи

Наставата се одржува на англиски јазик.

Услови за пријавување:
-
средношколци -државјани на Р. Македонија
- средношколци кои матурирале или ќе матурираат заклучно со месец јуни тековната година;
- ученици кои имаат просек на оцени од средното училиште 4.00;
- ученици кои не се запишани на други додипломски студии во земјата и во странство;
- ученици кои имаат одлично познавање на англискиот јазик (што се утврдува со полагање на ТОЕФЛ и САТ тест);

Стипендиите ќе се доделуваат врз основа на предходните достигнувања на кандидатот, квалитетот на целокупната пријава, резултатите од положените тестови и финасиската потреба на кандидатот.

Пријави и дополнителни информации заинтересираните можат да добијат во:
Образовниот информативни центри -Скопје, Иво Рибар Лола 42б/ 2-3, Скопје, тел: 02/3246-304 или на групните консултации кои се одржуваат во одреден термин за време на траењето на конкурсот или секој ден на принцип на закажување.

Краен рок на конкурсот за целосна стипенија е до 22-ри декември 2008г.

Редовни рокови за пријавување на АУБГ:
1 јуни за започнување на студиите во есенски семестар
1 ноември за започнување на студиите во зимски семестар

Потребна документација за упис:
- Пријава
- Сведителства 1, 2, 3 (4) година, копија од оригинал и да е преведена на англиски јазик од овластен преведувач.
- 3 препораки од различни професори затворени во плико и потпишани од професорот на страната каде што се затвара пликото.(Препораките да се напишани на англиски јазик или на македонски јазик оригинал + превод на англиски јазик од судски преведувач).
- Резултати од тестови (ако имаат) ТОЕФЛ, САТ
- Копии од диплома од натпревари, награди и слично
- Изјава од директорот на училиштето дека кандидатот има право да го продолжи своето школување во високо-образовна институција
- Accademic summary
- Диплома за положени други интернационални тестови ( ФЦЕ, ИЕЛТС други)

Потребни документи за финансиската состојба на кандидатот:

- Потврда од фирмата каде што работат родителите, просечна плата во изминатите 12 месеци дадени во денари и изразено: бруто, нето, давачки (просек за сите 12 месеци заедно, не за секој месец посебно) и да се нагласи дека придонесите и другите давачки за вработениот ги плаќа фирмата.

- Доколку еден од родителите има своја фирма, Потврда од Управа за приходи дека на тоа име има регистрирано фирма и дека сите давачки кон државата (ДДВ, персонален данок и данок на добивка) се платени

- Доколку некој од родителите не работи, Потврда од Завод за вработување дека лицето не е вработено

- Доколку родителите немаат своја фирма, Потврда од Управа за приходи дека на име на родителите не е регистрирана приватна фирма.

- Доколку се пензионери, копија од Решение за пензионирање

- Доколку се разведени, копии од Судско решение за развод и доказ за плаќање алиментација доколку се плаќа

- Доколку еден од родителите е починат, копија од Умреница. Доколку децата примаат пензија од починатиот родител, копија/решение за овој надоместок

- Потврда за социјална помош, детски додаток и друго

- Потврда од банка за средства кои родителите ги имаат и кои би сакале да ги употребат за школувањето, доколку имаат девизна сметка

- Копија од имотен лист, решение за стан/ куќа/ дуќан, Договор или Потврда од Управа за приходи за сопственост на имот и дека данокот на имот е платен, за изминатата година

- Копија од сообраќајна дозвола

- Доколку кандидатот има здравствен проблем потврда од матичен лекар

- За брат/сестра потврда за редовен студент или од Завод за вработување доколку е невработен.



*Сите документи кои се на македонски треба да бидат преведени на англиски јазик од судски преведувач. Се поднесуваат потврдите во оригинал и преводите.

ОИЦ Ви нуди помош во процесот на пријавување:

Помош при пополнување на пријава - пишување на биографија, мотивационо писмо и препораки;
Помош при подготовка на испитотTOEFL;
Помош при подготовка на испитот SAT;
Можност за користење материјали од библиотеката на ОИЦ.