ОИЦ
За нас
ДИЕ
Галерија
ОИЦ УСЛУГИ
Советување
Библиотека
Курсеви
Прирачник
СТИПЕНДИИ
Schiller University
AUBG
Dimitris Perrotis
CEU
ФИОО Македонија
Други финансиски извори
ТЕСТОВИ
Листа на тестови
Пријавување
ВИСОКО ОБРАЗОВАНИЕ
САД
Европа
Р. Македонија
Австралија
Канада
В. Британија




 

 

Денови на меѓународно образование

Денови на меѓународно образование е годишна активност на ОИЦ Скопје и се организира од 1998 година.

Проектот се организира во соработка со образовни институции од Македонија, студентски организации и асоцијации, амбасади, културно информативни центри, како и со образовни институции од странство.

Проектот е наменет за средношколци, студенти, постдипломци, универзитетски професори и асистенти, како и истражувачи и научници од Македонија.

Целта е на организиран начин, преку презентации да се даде преглед за состојбите, можностите и движењата во меѓународното образование, но, и состојбата и промените во македонското образование и неговите приближувања кон европскиот образовен концепт.

Покрај презентациите кои се одвиваат според тековната програма, сите презентери и учесници имаат штандови каде посетителите можат директно да контактираат со презентерите и учесниците и да добијат подетални иформации, како и различни печатени материјали.

Од 2004 овој настан се организира во соработка со Скопскиот саем и на локација на Скопски саем.

Од 2004 манифестацијата се прошируи и вклучи Денови на Кариерата каде стопанските субјекти од Македонија и странство имаат мозност пред македонсктата јавност да се претстават со можностите за вработување кои ги нудат, како и можностите за професионална практика наменета за студенти.

Денови на меѓународно образование и денови на кариерата 2007

19 април - 21 април 2007
Скопски саем

Се покануваат сите институции од Македонија и од странство кои делуваат во областа на образованиетео да зенат учество на оваа самеска манифестација единстевна од овој тип во Македонија. Манифестацијата се организира на едуклативна основа и аконатцијата за учество е формирана како пакрет на услуги , на некомерцијална база за сите образовни институции.

Воедно се покануваат и стопанските субјекти да земат учество во делот Денови на кариерата со што би се промовирало мозноста за практициранје на студенти како и можноста за вработување во во овој сектор.

Програма>>

Дополнителни информации во ОИЦ Скопје.

Пријава за учество ДИЕ 2007.>>

Денови на меѓународно образование '04
24-26 ноември 2004, Скопски саем, Скопје

Денови на меѓународно образование '03
25-27 ноември 2003, Филозовски факултет, Скопје

Денови на меѓународно образование '02
19-20 ноември 2002 Филозовски факултет, Скопје

21 ноември 2002, МУБ Св. Климент Охридски, Битола

Денови на меѓународно образование '01
20-21 ноември 2001, Филозофски факултет, Скопје;
22 ноември 2001, Факултет за учители и воспитувачи, Битола

Денови на меѓународно образование '00
19-20 октомври 2000, Филозофски факултет, Скопје

Денови на меѓународно образование '99
8-10 ноември,Филозофски факултет, Скопје
11 ноември МУБ Св.Климент Охридски, Битола

Денови на меѓународно образование '98
23-25 ноември, Дом на АРМ, Скопје
26 ноември, Дом на култура, Битола