ФИОО Македонија

A) Network Scholarship
Programs -
www.osi.hu/nsp
•
Undergraduate Exchange Program
•
Oxford Colleges
Hospitality Scheme
•
OSI FCO Chevening
Scholarships за Универзитетот Оксфорд и
Универзитетот Јорк
•
OSI FCO Chevening
Scholarships за Универзитетот Cambridge
•
Staffordshire University
MPhil/PhD in Economics: Distance Learning
Mode
•
Soros Supplementary
Grants Program
•
Global Supplementary
Grant Program
Undergraduate
Exchange Program
Едногодишна стипендија
за додипломски студии во САД за студентите
кои во моментот на пријавување се запишани
во втора година од студирањето.
ОИЦ Ви нуди помош во процесот на
пријавување:
-
Помош при пополнување на
пријава - пишување биографија, мотивационо
писмо и препораки;
-
Помош при подготовка на
испитот TOEFL;
-
Можност за користење
материјали од библиотеката на ОИЦ.
Oxford College
Hospitality Scheme
Стипендија за едномесечен истражувачки
престој на истражувачи и универзитетски
кадар на еден од колеџите во Оксфорд
OSI FCO Chevening
Scholarships за Универзитетот Оксфорд и
Универзитетот Јорк
Стипендија за деветмесечен истражувачки
престој на Универзитетот Оксфорд, наменета
за истражувачи кои го подготвуваат својот
докторат на матичниот Универзитет во
Македонија.
Стипендиите се наменети за истражувања од
областа на општествените и хуманистичките
науки, заштита на околината и од областа на
здравството.
Едногодишна стипендија за магистерски студии
на универзитетот Оксфорд.
Тримесечна стипендија за истражувачка работа
од областа на применети општествени науки на
Универзитетот Оксфорд за службеници,
стручњаци и советници, вработени во државни
или јавни институции, кои сакаат да
истражуваат тема блиску поврзана со развојот
на таа институција.
Едногодишна стипендија за магистерски студии
од областа на политичката филозофија (Идеја
за толеранција) на Универзитетот Јорк.
ОИЦ Ви нуди помош во процесот на
пријавување:
-
Помош при пополнување на
пријава - пишување биографија, мотивационо
писмо и препораки;
-
Помош при подготовка на
испитот IELTS/ TOEFL;
-
Помош при подготовка на
испитот GRE/ GMAT;
-
Можност за користење
материјали од библиотеката на ОИЦ.
OSI FCO Chevening
Scholarships за Универзитетот Cambridge
Стипендии за едногодишни постдипломски
студии од областа на општествените и
хуманистички науки на Универзитетот
Cambridge.
ОИЦ Ви нуди помош во процесот на
пријавување:
-
Помош при пополнување на
пријава - пишување биографија, мотивационо
писмо и препораки.
Помош при подготовка на испитот IELTS/
TOEFL;
-
Можност за користење
материјали од библиотеката на ОИЦ.
Staffordshire University MPhil/PhD in
Economics: Distance Learning Mode
Стипендија за четиригодишни докторски студии
од областа на економијата на Универзитетот
Staffordshire, наменета за универзитетски
кадар.Стипендистите поминуваат 3-4 месеци
годишно на Универзитетот Staffordshire, а
останатото време го поминуваат на матичните
институции.
Soros Suplementary
Grants Program
Финансиска помош за студентите на
општествените и хуманистичките науки, како и
за студентите на ликовна и драмска уметност,
кои се запишани на додипломски или
постдипломски студии во средноисточна
Европа.
Постои посебна помош која е достапна за
студентите од ромска националност, бегалците
или политичките азиланти кои се запишани на
било која академска програма, без разлика од
која област.
ОИЦ Ви нуди помош во процесот на
пријавување:
-
Помош при пополнување на
пријава - пишување биографија, мотивационо
писмо и препораки;
-
Можност за користење
материјали од библиотеката на ОИЦ.
Global Supplementary Grant Program
Финансиска помош за докторанти запишани на
докторски студии од областа на општествените
и хуманистичките науки на универзитетите во
западна Европа, Азија, Австралија и Северна
Америка.
ОИЦ Ви нуди помош во процесот на
пријавување:
-
Помош при пополнување на
пријава - пишување биографија, мотивационо
писмо и препораки. |