Листа на тестови

ОИЦ, Скопје ви овозможува одредени услуги за
сите од доле наведените тестови.
Некои од овие тестови се администрирани од
страна на ОИЦ Скопје. Во однос на тестовите
ОИЦ Скопје нуди: информации, билтени,
пријавување нпреку интернет (кај одредени
тестови) и плаќање на тестовите преку ОИЦ
Скопје, подготвителен материјал за
изнајмување и продажба, а од страна на МБА
центар Скопје и подготвителни курсеви.
•
TOEFL
•
SAT
•
GMAT
•
GRE
•
ECCE
•
ECPE

TOEFL (Test Of
English as a Foreign Language)
Тест за проверка на нивото на познавање на
англискиот јазик неопходен за
запишување на студии на универзитети каде
наставата се спроведува на англиски јазик.
Резултатот е валиден две години од датумот
на полагање.
Оиц Ви нуди:
-
Билтен со информации и
пријава
-
Изнајмување на литература
за подготовка
-
мултимедија
- Книги
за продажба
- Курс
-
пријавување

SAT Reasoning &
Subject Test (Scholastic Aptitude Test)
Тест приемент испит
потребни за упис на
додипломски студии
во англо-американски земји, а посебно во
САД. Постои SAT
општ и SAT
предметен тест. SAT
предметниот тест е потребен во зависност од
избраните студии. Кој од
SAT предметниот тест треба да се
полага назначува универзитетот на кој
кандидатот сака дса се запише. Резултатот на
SAT е еден од
битните услови за добивање на финансиска
помош или стипендија. Резултатот е валдиден
две години од датрумот на полагање.
ОИЦ Ви нуди:
-
Билтен со информации и
пријава
-
Изнајмување на литература
за подготовка
-
мултимедија
- Книги
за продажба
- Курс
-
пријавување

GRE general and
Subject Test (Graduate Record Examinations)
Teст приемен испит
потребен за упис на
постдипломски студии во
САД или други англо-американски земји.
Постои GRE
општ и GRE
предметен тест. GRE
предметниот тест е потребен во зависност од
избраните студии. Кој од
GRE предметниот тест треба да се
полага назначува универзитетот на кој
кандидатот сака да се запише. Резултатот е
валдиден три до пет години од датумот на
полагање.
ОИЦ Ви нуди:
-
Билтен со информации и
пријава
-
Изнајмување на литература
за подготовка
-
мултимедија
- Книги
за продажба
- Курс
-
пријавување

GMAT (Graduate
Management Admission Test)
Тест потребен за упис на МБА програми и
други постдипломски програми од областа на
економијата во САД или други
англо-американски земји. Резултатот
на GMAT е еден од
битните услови за добивање на финансиска
помош или стипендија.
Резултатот е валиден три до пет
години од датумот на полагање.
ОИЦ Ви нуди:
-
Билтен со информации и
пријава
-
Изнајмување на литература
за подготовка
-
мултимедија
- Книги
за продажба
- Курс
-
пријавување

ECCE (Examination
for the Certificate of Competency in
English)
Интернационален тест
наменет за проверка на
нивото на знаење на англискиот јазик, кој
може да послужи при вработување и учество на
проекти. Кандидатот се стекнува со
доживотен сартификат за добро познавање на
англискиот јазик.
ОИЦ Ви нуди:
-
Информации за самиот тест
- Книги
за продажба
- Курс
-
*пријавување во
ОИЦ Скопје

ECPE (Examination
for the Certificate of Proficiency in
English)
Интернационален тест
наменет за проверка на
нивото на знаење на англискиот јазик, кој
може да послужи и при упис на
одредени универзитети во светот како и при
вработување.
Кандидатот се стекнува со доживотен
сартификат за напредно познавање на
англискиот јазик.
ОИЦ Ви нуди:
-
Информации за самиот тест
- Книги
за продажба
- Курс
-
*пријавување во
ОИЦ Скопје |