Пријавување

Полагање
на тестовите TOEFL, SAT, GMAT и GRE
Тестовите во Македонија се
полагаат на хартија, додека во Софија или
Солун тестовите TOEFL, GRE и GMAT се
полагаат компјутерски. Тестот SAT
интернационално сеуште се полага само
на хартија.
чекор 1: Земете го билтенот со
информации и пријава од ОИЦ Скопје или пак,
преземете го билтенот во електронски облик
кој се наоѓа на официјалните страници на
соодветниот стандардизиран тест.
Билтените содржат
формулар за пријавување, упатства за
пополнување на формуларот и начинот на
плаќање, како и опис на соодветниот
стандардизиран тест.
Симнување на билтените во електронски облик
или пријавување преку интернет за
горенаведените тестови можете да
направите преку следниве линкови:
•
TOEFL
•
SAT
•
GMAТ
•
GRE
чекор 2: Подготовка за тестот
ОИЦ нуди различни услуги
во врска со подготовката на некој
стандардизиран тест:
-
Подготвителни курсеви
-
материјали за подготовка: книги, аудио
касети и мултимедија. Материјалите кои се
наоѓаат во нашата библиотека се достапни за
сите посетители на ОИЦ.
Дел од нив се
изнајмуваат, а дел се користат само во ОИЦ.
чекор 3: Пријавување на тестовите
За пријавување на тестовите за полагање во
Македонија, тетсовите се пријавуваат или
преку праќање на пријавата со уплатата
директно на адреса во САД (дадена во
билтенот) или на интернет. Според начинот
на пријавување условено е и плаЌањето на
тестовите.
*Треба да се внимава на крајните датуми за
пријавување кои се наведени во билтените.
За пријавување на компјутерско полагање на
тестовите пријавата и уплатата се доставува
до центарот во Холандија каде е официјалниот
претставник за пријавување на овие тетсови
за Европа или преку интернет. Според
начинот на пријавување условено е и
плаќањето на тестовите.
*Треба да се внимава на крајните датуми за
пријавување кои се наведени во билтените.
Пријавувањето на тетсовите на интернет е
условено со плаќање со кредитна картичка.
Оваа услуга ви ја нуди ОИЦ Скопје.
чекор 4:
Полагање на тестот во Скопје
ОИЦ спроведува инстутиционално полагање
на сите стандардизирани тестови на САД. Според потребите на
програмите за стипендирање кои ги
администрира како и по потреба за
универзитетите со кои соработува.
Полагањето на тестовите
кои ги спроведува ОИЦ се одвива на следнава
адреса:
Центар за странски јазици Скопје
Орце Николов 155а
1000 Скопје
За полагање на стандардните тестови за
локацијата каде ќе се одржи полагањето
кандидатите добиваат инструкции по
пријавувањето на тестовите.
Полагање
на тестовите ECCE и ECPE
Тестовите се состојат од два дела: писмен и
усен дел.
чекор 1:
Земете ја пријавата и упатството за
пополнување на истата, како и налогот за
уплата од ОИЦ Скопје.
чекор 2:
Подготовка за тестот
ОИЦ нуди различни услуги во врска со
подготовката на овие тестови:
-
Подготвителни курсеви
-
материјали за
подготовка: книги, аудио касети и
мултимедија. Материјалите кои се наоѓаат во
нашата библиотека се достапни за сите
посетители на ОИЦ.
чекор 3: Полагање на тестот во Скопје
Тестовите се одржуваат еднаш
односно двапати
годишно и тоа ECPE во март,
а ECCE во мај и ноември.
Полагањето на
тестовите се одвива на следнава адреса:
Центар за странски јазици Скопје
Орце Николов 155а
1000 Скопје
|