ОИЦ
За нас
ДИЕ
Галерија
ОИЦ УСЛУГИ
Советување
Библиотека
Курсеви
Прирачник
СТИПЕНДИИ
Schiller University
AUBG
Dimitris Perrotis
CEU
ФИОО Македонија
Други финансиски извори
ТЕСТОВИ
Листа на тестови
Пријавување
ВИСОКО ОБРАЗОВАНИЕ
САД
Европа
Р. Македонија
Австралија
Канада
В. Британија





 

Советување


Во ОИЦ Скопје работи обучен тим за советување за студии во странство.

1. Индивидуални консултации

Помош при изборот на соодветен факултет, при пријавување во некоја образовна институција, при барање на финансиска помош, потребна документација, пишување на есеј/CV, потребни тестови. Консултациите се закажуваат минимум еден ден однапред. Индивидуалните консултации се во траење од 30-45 минути.

2. Групни консултации

2.1 За додипломски студии во САД

Групните консултации се предавања за структурата на високото образование во САД, пријавувањето на додипломски и постдипломски студии во САД, како и давање информации за можностите за добивање на стипендии и други видови на финансиска помош. Овие консултации им се препорачуваат како прв чекор на сите заинтересирани за запишување на американските факултети.

Овие консултации се наменети за средношколци и други заинтересирани за посетување на двегодишни или четиригодишни студии во САД или на американските колеџи и универзитети низ целиот свет. Овие консултации, исто така, се наменети и за студенти кои се заинтересирани за трансфер од македонски на американски високообразовни институции.

2.2 За постдипломски студии во САД

Овие консултации се наменети за студенти кои се запишани во последната година од нивните додипломски или постдипломски студии. Овие консултации им ги препорачуваме и на лица кои се заинтересирани да студираат на колеџи и универзитети низ цела Европа, а не само во САД, бидејќи процедурата за запишување на американските колеџи е доста слична со процедурата за запишување и на многу европски постдипломски студии.

Zадолжително е претходно пријавување. Пријавувањето можете да го извршите на телефонскиот број 02/3246 304.

2.3 За тековни конкурси

Групни консултации кои се закажуваат во зависност од тековните конкурси на ОИЦ.

За дополнителни информации кои ги нема на нашата страница, Ве молиме јавете се на 02/3246 304 во ОИЦ Скопје.