 |
 |
ОИЦ |
|
|
ОИЦ УСЛУГИ |
|
|
СТИПЕНДИИ |
|
|
ТЕСТОВИ |
|
|
ВИСОКО ОБРАЗОВАНИЕ |
|
|
 |
| |

За нас

Профил на организацијата
Образовниот Информативен Центар е невладина
и непрофитна организација која делува во
областа на меѓународното образование. ОИЦ е
основан од страна на фондацијата Институт
Отворено Општество - Македонија и финансиски
е поддржан од Одделот за образование при
State Department на САД
/
Американска Амбасада.
ОИЦ претставува продолжение на Студентскиот
информативен центар кој функционираше како
засебен проект во рамките на ИОО-Македонија
и тоа во Скопје од 1996 г. и во Битола од
1997 г. Центарот во Битола како филијала на
ОИЦ Скопје функционира се до крајот на 2003
год.
Мисија
Активно учество во процесот на градење на
отворено и демократско општество преку
информирање на македонската јавност за
образовните можности во странство и
поттикнување на академската популација за
нејзино поголемо инволвирање во светските
образовни трендови и текови, за размена на
знаења и искуства, како и нивна
имплементација во нашата земја.
Цели
• воведување на
особен пристап за ефективно и ефикасно
задоволување на потребите на средношколците,
студентите, професионалците од различни
области и универзитетскиот кадар;
• поттикнување
на процесот на интеграција на македонската
академска заедница во меѓународната;
истражување, спознавање и информирање на
македонската јавност за најновите трендови
во меѓународното образование;
поттикнување на соработка со образовни
институции во светот кои дејствуваат во
полето на меѓународното образование;
• поттикнување
на меѓукултурната и образовната размена на
знаења и искуства;
• истражување и
испитување на нови можности за финансирање;
• проценка и
евалуација на корисноста на постоечкиот
библиотечен фонд и неговата надградба според
потребите.
Контакт:
Образовен информативен центар Скопје
Иво Рибар Лола 42б/2-3
П. фах 520
1000 Скопје
Р Македонија
тел/факс: +389 2 3246 304
e-mail:
oicsk@oic.org.mk;
petrusev@oic.org.mk
ОИЦ Скопје работи секој работен ден од
09.00- 16.00 часот.
Приемно време на странки: 10.00- 14.00 часот |
|
 |
 |
| ОИЦ - Скопје
има согласност од
страна на Министерство за
образование и наука на РМ како институција која
делува во областа на меѓународното образование, единствена од овој тип
во Македонија, да врши претставување
на програмите на странските
институции кои нудат додипломски
студии како и можностите за
стипендирање кои ги нудат овие
институции, пред средношколците во
Р. Македонија. |
|
|
|
 |
 |
 |
 |
 |
 |
 |
 |
|
|
|